четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Необичен сигнал како од аниме серијата „Драгон бол“: Што ѝ (по)кажа Макрон...

Необичен сигнал како од аниме серијата „Драгон бол“: Што ѝ (по)кажа Макрон на Такаичи?/ВИДЕО

295
Фото: EPA/Thibault Camus / POOL MAXPPP OUT

Денес во Токио се одржа самит меѓу јапонската премиерка Санае Такаичи и францускиот претседател Емануел Макрон, кој покрај сериозните политички теми, означи и еден необичен момент.

Имено, за време на заедничкото обраќање до медиумите, двајцата лидери ја изведоа препознатливата поза „Камехамеха“ од популарната аниме серија „Dragon Ball“, која предизвика воодушевување и брзо стана вирална на социјалните мрежи.

Според достапните информации, иницијативата за овој потег ја презеде премиерката Такаичи на самиот крај од говорот, што го насмеа Макрон и го охрабри да ѝ се придружи.

Иако овој детаљ привлече внимание од јавноста, самиот самит беше спроведен со сериозен тон. Лидерите разговараа за предизвиците во глобалната безбедност, со посебен фокус на тензиите на Блискиот Исток, како и за соработката во рамките на групата Г7, со која Франција претседава оваа година.

Такаичи ја презеде функцијата во октомври 2025 година како прва жена шеф на јапонската влада, а нејзината популарност, особено кај помладите гласачи, дополнително се зајакна по убедливата победа на предвремените избори во февруари 2026 година.

ИЗДВОЕНИ