среда, септември 16, 2026
Дома БАЛКАН Немири во Хаг по пресудата за Тачи: Приврзаниците искршија полициски возила/ВИДЕО

Немири во Хаг по пресудата за Тачи: Приврзаниците искршија полициски возила/ВИДЕО

912
Фото: X screenshot

Пред зградата на Хашкиот трибунал во Хаг дојде до немири по изрекувањето на пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК), предводени од Хашим Тачи.

Според снимките објавени на социјалните мрежи, неколку лица кршеле полициски возила, додека полициските сили употребиле водени топови за да ја растераат толпата. Според медиумските извештаи, ситуацијата набрзо се смирила.

Група Албанци се собра претходно денеска во близина на зградата на Специјализираните совети во Хаг за во живо да го следат изрекувањето на пресудата за командантите на ОВК.

Голем собир за поддршка на осудените беше организиран во Албанија, но и на Косово, каде што пресудата ја следеа илјадници собрани граѓани.

Судот првостепено ги осуди поранешните лидери на ОВК, Хашим Тачи и неговите најблиски соработници – Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи.

Тачи и Красниќи беа осудени на по 25 години затвор, Весели на 18, а Селими на 13 години. Во ова им се засметува времето поминато во притвор.

ИЗДВОЕНИ