Два патнички авиона принудно слетаа во Варшава, два во Рим, еден во Мурсија (Шпанија) и еден во Софија, по лажни дојави дека во нив се поставени бомби. Како што пренесува Би-Би-Си (BBC), станува збор за одделни инциденти.
Еден авион, кој полетал од лондонскиот аеродром „Хитроу“, принудно слетал на аеродромот „Модлин“ во Варшава, додека друг, кој доаѓал од Копенхаген, слетал на аеродромот „Шопен“ во Варшава. Двата авиона биле претресени, при што било утврдено дека во нив немало бомби.
Покрај тоа, авион на компанијата „Рајанер“ (Ryanair), кој пристигнувал од Манчестер, принудно слетал на аеродром во Мурсија, во јужна Шпанија. Во авионот имало 121 лице, вклучувајќи го и екипажот, пренесе „Танјуг“.












