недела, септември 13, 2026
Дома СВЕТ „Негативните сили“ претеруваат со стравовите во врска со вештачката интелигенција

„Негативните сили“ претеруваат со стравовите во врска со вештачката интелигенција

0
EPA/Al Drago / POOL

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изрази мислење дека преголем број „негативни фактори“ шират застрашувачки прогнози за вештачката интелигенција кои нема да се реализираат. Тој нагласи дека негова цел е да осигури САД да ја задржат лидерската позиција во оваа индустрија.

„Ние сме пред Кина во полето на вештачката интелигенција. Ние сме најнапредната технолошка нација во светот и, искрено, сакам така и да остане, бидејќи оној што ќе победи во трката за вештачка интелигенција – тој победува“, им рече Трамп на новинарите, одговарајќи на прашањето дали треба да се успори развојот на индустријата за вештачка интелигенција или таа построго да се регулира.

„Би можеле да воведеме ограничувања. Можеме да го направиме ова или она. Но, сметам дека постојат многу премногу негативни сили кои ја започнуваат таа дискусија, а не би требало, и шират прогнози за нешта кои нема да се случат“, изјави Трамп.

Директорот на Anthropic, една од водечките компании за развој на вештачка интелигенција, Дарио Амодеи, вчера упати повик за успорување на напредокот на вештачката интелигенција, поради сè поголемата загриженост од можна злоупотреба и безбедносни ризици.

И Илон Маск, поранешен близок соработник на Трамп, кој ја предводи xAI, и Сем Олтман, извршен директор на компанијата OpenAI, преку објави на платформата X, изразија согласност со Амодеи.

Амодеи ја истакна зголемената способност на вештачката интелигенција за самоподобрување, потенцирајќи долгорочна загриженост дека таа би можела да ги надмине човечките капацитети за контрола врз нејзиното функционирање.

„Со оглед на забрзаниот развој на можностите на вештачката интелигенција, загрижен сум дека таков напредок во период од шест до 12 месеци би можел да биде во состојба да го преземе целиот интернет и потенцијално да предизвика штета која ќе се мери во милијарди долари“, напиша Амодеи.

ИЗДВОЕНИ