Кошаркарската ѕвезда Џејмс Харден нема да се соочи со никакви последици за случајот со нелегално носење оружје, кој привлече големо внимание во САД. Обвинителите во округот Харис, Тексас, официјално го отфрлија случајот против ѕвездата на Кливленд кавалирс. Харден беше уапсен во Хјустон, во јуни, откако полицијата, при проверка, забележала пиштол на седиштето во неговиот автомобил. Оружјето наводно не било во футрола, што претставува прекршување на законите во Тексас. По апсењето, тој бил ослободен со кауција од само 100 долари. Сепак, случајот сега е официјално завршен откако кошаркарот склучил таканаречен алтернативен договор за спогодба. Благодарение на договорот, обвинителството одлучило да ги повлече обвиненијата и Харден избегна дополнителна казна.

Клубот беше запознаен со ситуацијата уште од самиот почеток и случајот не влијаеше врз неговите планови.

Харден моментално е слободен агент откако одби опција вредна 42 милиони долари за сезоната 2026/2027. Сепак, се очекува повторно да потпише со Кавалирс.

Тој пристигна во Кливленд од Лос Анџелес клиперс, во февруари и веднаш имаше важна улога во тимот. Со него во составот, Кавалирс стигна до финалето на Источната конференција, првпат по 2018 година.

Сега, откако го затвори и правниот случај, Харден може целосно да ѝ се посвети на иднината во НБА.

ИЗДВОЕНИ