Авторите на наградуваниот документарен филм „НАЗА“ – кој се занимава со масовното страдање на Палестинците во Газа – ги бранеа сознанијата и наодите на филмот на неговата премиера во Њујорк, додека израелските власти ги засилија критиките и се заканија дека ќе им го одземат државјанството на авторите.
Филмот, во режија на добитниците на Оскар, Јувал Абрахам и Рејчел Зор, претставува сведоштва од 24 анонимни израелски војници и разузнавачки службеници за системите засновани на вештачка интелигенција што се користат за избор на цели во Газа.
Што прикажува филмот?
Филмот „НАЗА“ тврди дека покажува оти израелската војска користела вештачка интелигенција за време на војната во Газа и дека прифатила голем број цивилни жртва како прифатлива колатерална штета во раните фази на војната – тврдења што израелската војска ги негираше, пренесува „Тајмс оф Израел“.
„Нашата земја прави многу за да ги скрие овие системи. Тоа не е свет што е отворен, дури ни за израелската јавност“, изјави Зор по проекцијата.
Yuval Abraham and Rachel Szor receive a standing ovation after the @TheNYFF premiere of NAZA. pic.twitter.com/vmQweFA12O
— Jordan Raup (@jpraup) September 26, 2026
Абрахам изјави дека „овие злосторства сè уште траат“ и дека тоа се случува поради постапките на Израел, но и поради поддршката и финансирањето што ги добива од САД, пренесува Б92.
Абрахам ја бранеше употребата на анонимни извори, истакнувајќи дека тоа било неопходно за да се истражат системите за масовно убивање.
Неколку десетици демонстранти учествуваа на протестот против северноамериканската премиера на документарниот филм „НАЗА“ во Њујорк, на собир предводен од Израелци. Северноамериканската премиера на филмот се одржа во „Линколн центар“, во рамките на Филмскиот фестивал во Њујорк.
Учесниците на протестот носеа израелски и американски знамиња и транспаренти со слики од инвазијата на палестинското милитантно движење Хамас врз Израел во октомври 2023 година, како и со натписи „Дознајте ги фактите. Знајте ја вистината“.
Што велат критичарите?
Организаторите исто така паркираа неколку возила со ЛЕД-екрани на кои се прикажуваа слики од заложниците што ги држеа терористичките групи во Газа. Критичарите наведоа дека „НАЗА“ изоставува контекст, како на пример начинот на кој другите војски се справуваат со колатералната штета во урбаните воени зони.
Двајца преживеани од масакрот на музичкиот фестивал „Нова“, Ром Ел-Хаџ и Шалев Битон, му се приклучија на собирот, заедно со Јунис Ал-Карнави, Бедуин од Израел кој спасуваше луѓе од фестивалот.
The Israeli-American Council has formed a protest outside the New York Film Festival premiere of “NAZA.”
The organization has described the documentary as an “anti-Israel” film that “makes serious allegations about the IDF’s conduct in the Gaza Strip while ignoring findings and… pic.twitter.com/zoqApdWLAT
— Variety (@Variety) September 26, 2026
Јувал Абрахам исто така истакна дека нападите на палестинското милитантно движење Хамас од 7 октомври, кои ги оцени како неоправдани, не можат да го оправдаат страдањето на цивилите во Газа. Филмот ја имаше својата светска премиера на почетокот на септември на Филмскиот фестивал во Венеција, каде што беше поздравен со 25-минутни овации и доби специјална награда од жирито.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно се закани со донесување закон со кој би можело да им се одземе државјанството на лица кои ги „клеветат“ израелските војници, а во петокот го повтори планот тоа да се примени врз Абрахам и Зор.
Израелскиот министер за култура, Мики Зохар, исто така повика на одземање на нивното државјанство и ги обвини за „предавство на државата“, додека началникот на Генералштабот на израелската војска, Ејал Замир, изјави дека војската ќе ги искористи „сите расположливи средства“ против филмот.
Here is the trailer for Naza, the award winning documentary that details the system’s behind Israel’s mass killings in Gaza 👇 pic.twitter.com/itxlysltUZ
— Saad Mohseni (@saadmohseni) September 25, 2026
Повеќе од 1.500 израелски филмски работници, 43 организации за заштита на човековите права и бројни меѓународни организации за заштита на слободата на медиумите им дадоа поддршка на авторите.












