Фото: Е.Пелистер - Фејсбук

Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер, претрпе нов пораз во Европската лига. Ремито во Гдањск се очекуваше да биде пресвртница, по дебаклот во првото коло против Ла Риоха на домашен терен, но „зелено-белите“ одново потфрлија и убедливо загубија на гостувањето кај бундеслигашот Гумерсбах со 38:28. По овој неуспех битолчани остануваат на последната позиција на табелата во групата Г, и значително ги намалија шансите за втора фаза во ова натпреварување.

По натпреварот, навивачите на битолскиот клуб го изразија незадоволството од играта и на друштвените мрежи удрија по тренерот Лино Червар и ракометарите на клубот, особено беше критикувана играта 7 на 6.

„Лино се уште е замрзнат во минатиот век со практикувањето на неговите ракометни тактики на теренот, не разбирам како Пелистер се прелажа да му даде доверба на овој тренер да ја води екипата за кого што самите Хрвати велат дека неговото најдобро време е одамна поминато и дека време му е за тренерска пензија, откако во Хрватска со години ниту една екипа не сакаше да го ангажира се врати назад во Македонија преку стара слава да го спасува Пелистер.“

„Јас сум со цело срце за Вардар ама ова што му го прави Лино на Пелистер е срамота.Колку треба да си немоќен да играш од прва минута со седум во напад и при тоа да ти дадат неколку гола на празен гол а тој упорен си продолжува со неговата тактика. Ќе повторам јас сум за Вардар ама Пелистер е Македонски клуб и кога игра надвор навивам за него и секој пораз ме боли“, коментира друг ракометен навивач.

„Ова 7 на 6 веќе стана гадно за гледање, натпреварот се загуби единствено заради тоа! Приморани технички грешки и чекање до пасивен“

„Кажете му на стариот дека правилото ‘7 на 6’ е веќе укинато, може ќе престане да го користи“, вели еден навивач.

„Со овие ракометари трето место во првенството ќе иде успех. Лино Червар игра застарена игра“, вели друг навивач.

Капитенот Филип Кузмановски со седум гола, Видомски и Ристевски со по четири беа најефикасни кај битолчани, додека за победничкиот тим Душебаев имаше девет гола, а Рогановиќ заврши со шест.

Двете екипи за еден месец одново ќе се сретнат, но овој пат во Битола во четвртото коло од групната фаза.

 

 

ИЗДВОЕНИ