недела, ноември 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Наместо в болница, Ива Михаилова на поткаст

Наместо в болница, Ива Михаилова на поткаст

1

Обвини за барање поткуп и следење од службите

Ива Михаилова, која е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, во гостување на бугарски поткаст изнесе серија тешки обвинувања на сметка на македонските институции, Обвинителството и безбедносните служби. Наместо да се соочи со судската постапка во Македонија, за која МВР распиша меѓународна потерница по нејзиното заминување во Бугарија, таа од бугарски медиумски простор испрати пораки за наводен институционален прогон.

Михаилова тврди дека била следена и снимана од лица за кои верува дека се поврзани со Агенцијата за национална безбедност. Според неа, преку посредници ѝ било порачано да се откаже од бугарскиот идентитет, да престане со настапите во бугарските медиуми и да ги прекине контактите со бугарски политичари.

– Сакаа да се откажам од бугарското во мене, вели Михаилова, која избега во Бугарија, откако во Македонија предизвика сообраќајка во која загина 33-годишниот Бесим Дурмиши.

Таа го обвини и обвинителот во предметот дека барал пари за поблага пресуда, а тврди дека односот на правосудните органи кон неа се променил откако се декларирала како Бугарка.

Во поткастот упати и обвинувања кон премиерот Христијан Мицкоски, тврдејќи дека финансирал 90 проценти од македонските медиуми за ширење омраза кон Бугарија и бугарскиот народ.

Михаилова ја оспорува и одговорноста за сообраќајната несреќа.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ