понеделник, август 24, 2026
Дома МАГАЗИН Највкусниот посен десерт: Чоколадна баклава со ф’стаци – крцкава однадвор, сочна и...

Највкусниот посен десерт: Чоколадна баклава со ф’стаци – крцкава однадвор, сочна и полна со фил одвнатре

0

Ако ги сакате традиционалните слатки, но сакате малку поинаков вкус, оваа баклава со чоколадо и ф’стаци (без млечни состојки) е одличен избор.

Крцкавите кори, ароматичните ф’стаци и богатиот слој од чоколадо ѝ даваат уникатен вкус, додека сирупот ја прави сочна и мека.

Состојки:
-500 г кори за баклава

-150 г темно чоколадо без млечни состојки

-200 г мелени ф’стаци

-100 г шеќер

-100 мл растително масло

-100 мл вода

-1 лажичка ванилин шеќер

-1 лажичка цимет

-Сок од еден лимон

-250 мл сируп од агава (или друг засладувач)

Подготовка:
Најпрво, растопете го чоколадото на пареа или во микробранова печка. Во посебен сад, измешајте ги мелените ф’стаци, шеќерот, ванилиниот шеќер и циметот.

Премачкајте го плехот за печење со масло, поставете ја првата кора од фило-тестото и премачкајте ја со тенок слој масло. Продолжете со редење на корите, а потоа распоредете дел од смесата со ф’стаци и додадете малку од растопеното чоколадо.

Поставете уште кори врз филот и повторувајте ја постапката додека не ги потрошите сите состојки. Завршете со слој од кори, а потоа исечете ја баклавата на квадрати или триаголници пред печењето.

Загрејте ја рерната на 180°C и печете ја баклавата околу 30 до 40 минути, или додека не добие убава златна боја.

Додека се пече баклавата, подгответе го сирупот. Истурете ги водата, маслото, сирупот од агава и сокот од лимон во мало тенџере. Загревајте на умерена температура околу 10 минути, додека смесата малку не се згусне.

Штом ја извадите баклавата од рерната, прелијте ја со подготвениот топол сируп. Оставете ја прво да се излади на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер неколку часа.

Најдобро е да отстои преку ноќ, бидејќи корите ќе го впијат сирупот, а вкусовите целосно ќе се соединат.

ИЗДВОЕНИ