четврток, јули 23, 2026
Дома МАГАЗИН Најсакана сум во Македонија – Популарната босанска поп-пејачка Сенида призна!

Најсакана сум во Македонија – Популарната босанска поп-пејачка Сенида призна!

427

Ги сакам сите луѓе, а сите добри луѓе најчесто се од Македонија. Имам семејни врски со Македонија. Јас сум таму каде што сум навистина сакана, а свесна сум дека во Македонија најмногу ме сакаат. Толку силно не ме сакаат ниту во Белград, ниту во Сараево!

Популарната поп-пејачка Сенида Хајдарпашиќ, попозната по прекарот Сенида, а која неодамна во Скопје имаше повеќе од успешен концерт, стави крај на многубројните шпекулации околу своето потекло. Иако нејзините доаѓаат од Босна и иако таа сега живее во Словенија, на згодната Сенида (која често ја менува бојата на косата), корените ѝ се од Македонија, во која исто така живеат голем број Бошњаци.

– Словенците никогаш не ме прифатија целосно како своја, вели пејачката. Не можам никому да му угодам, ниту да му замерам. Многу ми е мило кога луѓето ме сметаат за своја, за Југословенка. Ги сакам сите луѓе, а сите добри луѓе најчесто се од Македонија. Имам семејни врски со Македонија. Јас сум таму каде што сум навистина сакана, а свесна сум дека во Македонија најмногу ме сакаат. Толку силно не ме сакаат ниту во Белград, ниту во Сараево. Не знам зошто, некои во Белград, ме ословуваат со името Ивана?

Инаку, Сенида неодамна купи луксузен имот во Белград вреден 360.000 евра, па сега и српската метропола ја чувствува за своја.   (Д. М.)

 

 

ИЗДВОЕНИ