недела, јули 12, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА На М-таг ќе се минува исклучиво со електронски тагови 

На М-таг ќе се минува исклучиво со електронски тагови 

30

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) информира дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата, почнувајќи од 15 јуни на наплатните станици (патарините) лентите означени за М-таг ќе бидат наменети исклучиво за користење од страна на корисници со електронски тагови. Со таа измена, соопшти денеска ЈПДП, вршењето на наплата со М-кард на тие ленти се укинува. Корисниците кои користат М-кард ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена.

ЈПДП укажува и апелира до корисниците на строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација, како и на информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици, каде што е извршена јасна категоризација на лентите по вид на плаќање: електронска наплата (М-таг М-кард) и готовинско плаќање (CASH).

Воедно, потсетува ЈПДП, за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, корисниците се должни да ја следат сигнализацијата за статусот на лентите: зелена стрелка – означува активна (отворена) лента, а црвен икс (X) – означува затворена лента.

– Непочитувањето на означувањето и намената на лентите може да предизвика застои во сообраќајот и да влијае врз безбедноста и ефикасноста на сообраќајот, соопшти ЈПДП.

ИЗДВОЕНИ