Најмалку 12 лица се повредени во масовен напад со ракети и беспилотни летала врз Одеса, соопшти Серхиј Лисак, шеф на Воената управа на Одеса.
Лисак изјави дека во нападот е оштетена повеќекатна станбена зграда, а повредените добиле неопходна медицинска помош, пренесува „Укринформ“.
Надлежните служби се упатени на местото на настанот, а формиран е и оперативен штаб за справување со последиците од нападот, пренесува „Танјуг“.











