Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ која се одржува во Белгија, Националниот џез оркестар ќе настапи утре (5 мај) во престижниот културен центар „BOZAR“ во Брисел, со својата програма „Македонски сновиденија“.

„Macedonian Dreams“ („Македонски сновиденија“) е уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез, вистинска музичка приказна која Националниот џез оркестар со гордост ја носи на сцената на културниот центар „BOZAR“ претставувајќи ја македонската културна и музичка традиција во современ контекст. Диригент на концертот е маестро Владимир Николов.

Концертот во „BOZAR“ е дел од пошироката програма на „Денови на македонската култура“, која има за цел да ја афирмира македонската уметност и култура пред европската публика. Манифестацијата е организирана и поддржана од страна на Министерството за култура.

ИЗДВОЕНИ