Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека на жителите на Грендланд денеска им олесна откако американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека би сакал да живее во Бакингемската палата во Лондон.
„Мислам дека некој на Гренланд воздивна со олеснување. Луѓето на Гренланд се чувствуваа малку подобро“, се пошегува Захарова на радио „Спутник“.
Трамп во вторникот изјави дека отсекогаш сакал да живее во Бакингемската палата и дека планира да разговара за тоа со британскиот крал Чарлс III, кој моментално е во посета на Вашингтон. Трамп го напиша ова во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, во која реагираше на статија во „Дејли меил“ во која се тврди дека можеби има семејни врски со британскиот крал Чарлс.
Захарова, исто така, забележа дека многумина се обидуваат да најдат политички значења и намери во ваквите хумористични изјави на Трамп. Иако Гренланд е дел од данското кралство, американскиот претседател постојано изјавува дека островот треба да стане дел од Соединетите Американски Држави.
Данските и гренландските власти го предупредија Вашингтон да не го анектира островот, истакнувајќи дека очекуваат да се почитува нивниот територијален интегритет.












