понеделник, јуни 15, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА На светот му се потребни сè повеќе протеински производи, но нема доволно...

На светот му се потребни сè повеќе протеински производи, но нема доволно суровини

29

Потрошувачите ширум светот бараат повеќе протеински производи, а индустријата се бори да ги задоволи, но суровината е во недостиг, објави Асошиејтед Прес (АП).

Спортистите и постарите лица долго време користат „смутија“ и „шејкови“ измешани со концентрат од протеин од сурутка – прашкаст нуспроизвод од производството на сирење – за да изградат или одржат мускулите.

Меѓутоа, во поново време, прехранбените компании го додаваат во сè, од житарки за појадок до чипс, тортиљи, па дури и пијалоци, за да ја задоволат растечката побарувачка.

Просечниот американски супермаркет сега наводно има 38.708 производи кои ја рекламираат својата зголемена содржина на протеини, според фирмата за истражување на пазарот NielsenIQ.

Желбата да се привлечат купувачите фокусирани на здравјето и благосостојбата предизвика недостиг од протеин од сурутка (квалитетен за храна) и значително ги зголеми цените.

„Побарувачката во моментов ја надминува понудата“, рече Кетлин Волфли, потпретседател на фирмата за податоци и консалтинг за земјоделската индустрија.

Цените на големо за протеините од сурутка почнаа да растат во 2024 година, а темпото се забрза минатата година и продолжи и оваа година, рече Вофли. Концентратот од протеини од сурутка, кој е 80 проценти протеин – видот што производителите на храна и компаниите за додатоци во исхраната често го користат во своите производи – се продава за повеќе од 250 проценти повеќе на пазарот на млечни производи отколку пред една година.

Изолатот од протеини од сурутка, порафинирана верзија што содржи најмалку 90 проценти протеини, е 150 проценти поскап од минатата година.

Тоа, секако, ги зголемува цените за крајните потрошувачи. Цените на прав од концентрат од протеини од сурутка во САД се зголемија за околу 15 проценти во изминатата година, додека премиум прашоците од изолат од сурутка забележаа уште поголем пораст.

Слична е ситуацијата и во Европа. На крајот на мај, концентратот од протеини од сурутка со 80 проценти достигна нов рекорден просек од 26.450 евра (30.518 долари) по метрички тон, повеќе од двојно поголема цена од пред една година.

Ограничените залихи и повисоките трошоци доведоа до тоа некои производители да ги зголемат цените што потрошувачите ги плаќаат за протеински прашоци или производи збогатени со протеини. Протеинските прашоци од сурутка се постојано најпродаваните производи во категоријата спортска исхрана.

Цените се зголемија толку многу што се повеќе се размислува за проширување на портфолиото на овие производи за да се вклучат производи направени од концентрат од млечен протеин, прав што содржи помалку сурутка и е поевтин.

ИЗДВОЕНИ