среда, август 5, 2026
Дома СВЕТ На социјалните мрежи повторно повици: Дали е на повидок нов масовен обид...

На социјалните мрежи повторно повици: Дали е на повидок нов масовен обид за влез на мигранти од Мароко во Сеута?

1

Шпанските власти ја засилија безбедноста на границата со Сеута, откако на социјалните мрежи се појавија повици за нов масовен обид за влез на мигранти од Мароко во автономниот шпански град.

Според порталот OkDiario, десетици профили, за кои се смета дека се поврзани со корисници од Мароко, споделуваат пораки насочени главно кон младите, со слоганот: „15 август 2026 – тој ден сè ќе има смисла“.

Во објавите се повикуваат заинтересираните да се приклучат на приватни групи на WhatsApp, каде што наводно се координира нов обид за масовно преминување на границата кон Сеута. Повиците се шират и со хаштаговите #MigracionAEspana и #ContratodeltrabajoenEspana, што дополнително ја зголеми загриженоста кај властите.

Портпаролот на Владата на Сеута, Алехандро Рамирез, изјави дека овие објави будат сериозна загриженост.

„По она што се случи неодамна, ваквите пораки на социјалните мрежи нè загрижуваат. Ги доставивме до надлежните институции за да бидат земени предвид доколку постои ризик од сличен настан“, изјави Рамирез, додавајќи дека се надеваат оти такво сценарио нема да се повтори.

Според проценките, за време на масовниот упад на 30 јули околу 70.000 мигранти од Мароко влегле во Сеута, а речиси сите подоцна биле вратени назад. Делегатот на шпанската влада во Сеута, Мигел Анхел Перез Тријано, денес потврди дека во обидите за преминување на границата животот го загубиле 72 луѓе.

ИЗДВОЕНИ