среда, август 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Италијанец уапсен на скопскиот аеродром, во багажот му пронашле два ловечки патрони

Италијанец уапсен на скопскиот аеродром, во багажот му пронашле два ловечки патрони

0

Државјанин на Италија бил уапсен на Граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, откако при пасошка контрола во неговиот личен багаж биле пронајдени два ловечки патрони.

Како што информираат од МВР, станува збор за М.П.М. (48), кој бил приведен вчера околу 18:40 часот при обид да ја напушти државата.

Пронајдените патрони биле одземени, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ