Јоргос Мазонакис со децении важеше за еден од топ петтемина грчки пејачи, со обожаватели насекаде на Балканот. За жал, тој почина, а на вчерашниот погреб присуствуваа повеќе од сто илјади луѓе. Грција беше во голема тага, ден на жалост. Плачеше и младо и старо. Најтажно беше во Никеја, каде што за последен пат сите се простија од Јоргос Мазонакис. Пред тоа, луѓето влегуваа во црквата за да се помолат и прекрстат, според грчките православни обичаи, за душата на пејачот. Според грчките медиуми, бдеењето траело цела ноќ, сè до разденување.
Но, сега, неговата смрт добива и кривично-правен карактер. Истрагата треба да даде одговор за тоа што се случило точно во последните часови од неговиот живот. Зошто, во последната година, Јоргос се оддалечил од семејството со кое бил исклучително близок, пишуваат и прашуваат грчките медиуми. Дали мораше да умре, дали можеше да биде спречена неговата смрт, велат неговите најблиски.(фото:Инстаграм)












