Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Најголема фреквенција на возила утрово е забележана на граничниот премин Богородица, каде што времето на чекање за премин на границата изнесува околу 40 минути.
Од АМСМ посочуваат дека на останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту при влез, ниту при излез од државата.












