вторник, јуни 23, 2026
Дома СВЕТ Човекот што пукаше во хотелот каде што беше и Трамп утре пред...

Човекот што пукаше во хотелот каде што беше и Трамп утре пред суд за употреба на оружје и за напад врз агент

483
EPA/YURI GRIPAS / POOL

Тајната служба буквално ги истурка американскиот претседател, Доналд Трамп, и првата дама Меланија Трамп од гала-вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа во саботата вечерта по американско време, откако беше отворен оган од пушка врз обезбедувањето. Вооружен човек застрела агент на Тајната служба, а два часа по нападот, Трамп објави дека полицаецот е во добра состојба и се спасил благодарение на панцирот. Осомничениот напаѓач, кој беше уапсен, го опиша како „болно лице“.

– Тој беше човек што изгледаше доста злобно кога беше долу, знаете, го туркаа. Се бореше жестоко. Според мене, беше болен човек. Кој би го направил тоа ако не болен човек? Но, мислам дека ќе откриете сè за него, нема причина да зборувате за тоа сега. Но, утре во ова време, долго пред ова време, ќе дознаете многу работи за него. Се чини дека мислат дека бил осамен волк, и јас го чувствувам тоа – напиша Трамп на „Икс“.

Полицијата го идентификува осомничениот за пукањето како Кол Томас Ален, 31-годишник од Торенс, предградие на Лос Анџелес, Калифорнија. Тој в понеделник ќе биде изведен пред суд со две обвиненија: употреба на огнено оружје и напад врз сојузен агент со опасно оружје. Ален им признал на властите дека негова цел биле функционери на администрацијата на Трамп, но не кажал кои. Почнал да пука на контролниот пункт во лобито на хотелот, каде што бил спречен да влезе во салата каде што се одржувал настанот со присуство на Трамп. Интересно е тоа што се случило пукањето во истиот хотел каде што Џон Хинкли се обиде да го убие претседателот Роналд Реган во 1981 година.

Полицијата соопшти дека напаѓачот бил „вооружен со пушка, пиштол и со неколку ножа“ и дека „разменил оган“ со полицајците. Тој бил регистриран како гостин во хотелот и на тој начин го внел оружјето. Си-би-ес њуз, американската подружница на Би-би-си, наведува дека Ален работел како приватен тутор во Торенс откако дипломирал на високо ценетиот калифорниски Институт за технологија.

Трамп наведе дека според првичните информации, напаѓачот, најверојатно, дејствувал сам, а градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Баузер, изјави дека во моментов нема индикации за други вмешани лица и дека нема непосредна опасност за јавноста. Државниот обвинител Тод Бланш најави дека ќе поднесе обвиненија против осомничениот, додека директорот на Федералното истражно биро – ФБИ потврди дека се врши анализа на оружјето и на чаурите пронајдени на местото на настанот, со цел да се утврдат сите околности поврзани со нападот.

Сведоците наведуваат дека се слушнале неколку истрели, по што настанала паника, а Трамп изјави дека му се причинило дека звукот е од падната чинија. Првите снимки од безбедносните камери, објавени од претседателот, го покажуваат вооружениот човек како брзо трча покрај агентите, по што тие отвораат оган врз него. Снимките што се раширија по социјалните мрежи во неделата го покажуваат хаосот што се случи при пукањето во хотелот „Вашнгтон Хилтон“, каде што се одржуваше вечерата. Присутните врескаат и легнуваат под масите, додека Тајната служба буквално ги зграбува прво потпретседателот Џи Ди Венс, па претседателот Трамп и неговата сопруга Меланија и ги извлекува од бината, додека други агенти со кациги и панцири стојат со вперено оружје кон масата луѓе, барајќи нови потенцијални закани. Медиумите јавуваат дека на подот во салата завршил и директорот на ФБА, Кеш Пател, кој со телото ја штител својата девојка.

ИЗДВОЕНИ