EPA/YOAN VALAT

Два последователни неуспеси на Карлос Алкарас, особено овој во Мајами против Себастијан Корда, веднаш предизвикаа разни реакции и коментари. Патрик Муратоглу, се разбира, не се воздржа да го искаже своето мислење за состојбата во која мометно се наоѓа светскиот тениски рекет број еден.

– Мислам дека на Алкарас му е здодевно. Овој човек веќе има седум гренд – слем титули, освои многу Мастерс 1.000 и тоа веќе не го интересира толку многу – истакнува поранешниот тренер на Серена Вилијамс, Наоми Осака, Холгер Руне… – Исто така, мислам дека тоа може да претставува голема опасност за неговата кариера во наредните години.

Француски експерт со грчко потекло ја објаснува својата теза на следниов начин:

– Можеби самиот не е свесен за тоа, ниту пак си вели, не ми е многу важно, но едноставно ја губи концентрацијата. Веќе во својот прв натпревар, против Жоао Фонсека, имав чувство дека едноставно не е ангажиран како и обично. Веќе во следната рунда, загуби од Себастијан Корда.

Муратоглу има повеќе примери.

– Луѓето велат дека тој често не игра добро во првите кола на гренд слем турнирите. И јас додавам, тој не игра добро затоа што му е досадно. Има толку голема предност пред другите што кога натпреварот е премногу лесен, го губи фокусот. Бидејќи, длабоко во себе, знае дека може да направи промена во секој момент. Таа самодоверба може да биде опасна за него во продолжението на неговата кариера.

За разлика од Јаник Синер, неговиот главен ривал, дури и големата тројка, Алкарас губи многу почесто во првите фази од натпреварувањето. Ова речиси никогаш не му се случува на Синер, освен ако не е повреден, а истото важеше и за Новак Ѓоковиќ, кога владееше со тениската планета, како и за Рафаел Надал и Роже Федерер.

На последните два турнира, Шпанецот откри дека не му се допаѓа фактот што сите негови противници се борат против него колку што е можно повеќе, дека тоа му врши голем притисок „како да има мета на грбот“.

ИЗДВОЕНИ