петок, септември 4, 2026
Дома КУЛТУРА Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ вечерва на плоштадот во Скопје

Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ вечерва на плоштадот во Скопје

1

Мултимедијалниот сценски спектакл „Силно светнал ден“, кој е во рамки на одбележувањето на јубилејот „35 години независност на Македонија“, вечерва ќе се одржи и на Плоштадот Македонија во Скопје со почеток од 20 часот. Настанот го заокружува своето патување низ 11 градови во државата со настап на повеќе од 120 артисти.

Како што е најавено, настанот ќе почне во 20 часот и преку музика, глума и танц, во вид на мултимедијален сценски спектакл, ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на Македонија, а ќе се истакнат најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.

Караванот „Силно светнал ден“ стартуваше од Охрид на 9 август и досега посети 11 градови низ земјата. Во неговата реализација учествуваат познати македонски музички изведувачи и актери.

Прославата по повод 35-годишнината од независноста ќе кулминира на 8 Септември, Денот на независноста, со концерт на светски познатиот диџеј и продуцент на хаус музика Давид Гета на Националната арена „Тоше Проески“ во Скопје. Според најавите, Гета ќе настапи со продукцијата „The Monolith Stadium Show“.

Музичката програма во чест на 35 години независност на Македонија е подготвена од „Авалон продукција“ во соработка со Владата.

ИЗДВОЕНИ