петок, септември 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Од регистрирани 23 пожари на отворен простор, активни се осум, три се...

Од регистрирани 23 пожари на отворен простор, активни се осум, три се под контрола, а 12 се изгаснати

0
Фото:принтскрин, видео СЗО

До 18:00 часот попладнево, во земјава се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, три се под контрола и 12 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни пожари во државата:
Општина Ѓорче Петров: с. Грачани – пожарот моментално е активен на територијата на Република Косово (шума);
Општина Струга: помеѓу селата Буринец, Локов и Селци (нискостеблеста шума);
Општина Македонски Брод: с. Белица, место викано Кајорец (борова шума);
Општина Кратово: Кратово (депонија);
Општина Босилово: помеѓу селата Моноспитово и Бориево (депонија);
Општина Велес: с. Кочилари – пожарот се префрлил на територијата на Општина Свети Николе, во с. Бекирлија (ниска вегетација и борова шума);
Општина Маврово и Ростуше: планина Бистра, месност Кириловец (пасиште и ниска вегетација);
Општина Сарај: с. Горна Арнакија (нискостеблеста шума).

Пожари под контрола – 3:
Општина Сарај: с. Копаница (нискостеблеста шума и ниска вегетација);
Општина Чучер-Сандево: с. Брест, месност Рамно на Скопска Црна Гора (мешана шума);
Општина Делчево: градска депонија Делчево (депонија

ИЗДВОЕНИ