петок, септември 4, 2026
Дома СВЕТ Мелони: Италија внимателно ги следи сите безбедносни закани, вклучително и евентуалното руско...

Мелони: Италија внимателно ги следи сите безбедносни закани, вклучително и евентуалното руско влијание

23
Фото: EPA/Manon Cruz / POOL MAXPPP OUT

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денес изјави дека властите внимателно го следат сè што може да ја загрози безбедноста на земјата, вклучително и евентуалното руско влијание.

„Секогаш сме целосно посветени на безбедноста на оваа нација, во сите аспекти“, изјави Мелони за италијанските медиуми, додавајќи дека сегашната влада го следи „сè што треба да се следи“.

„Следиме сè што треба да се следи. Многу работи нè загрижуваат, но ги следиме сите“, додаде Мелони, објави агенцијата АНСА.

Таа ги даде забелешките пред да отпатува од Рим за Бари, каде што ќе присуствува на митинг организиран од партијата Браќа на Италија (FdI) за да се одбележи рекордната долговечност на сегашната влада, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ