
Близок извор до таборот на португалскиот гигант Бенфика откри дека актуелниот шеф на стручниот штаб, Жозе Мурињо, сериозно размислува да направи кам-бек во редовите на Реал (М). Не е тајна дека „кралскиот клуб“ планира да ангажира нов тренер за време на летниот преоден рок, а тамошните медиуми открија дека освен Мурињо, во игра за жешкото столче е и актуелниот селектор на Франција, Дидие Дешамп.











