недела, ноември 1, 2026
Дома СКОПСКА Муамер Сефери е нов в.д. директор на ЈП „Паркови и зеленило“

Муамер Сефери е нов в.д. директор на ЈП „Паркови и зеленило“

152

Mуамер Сефери официјално ја презеде функцијата вршител на должноста директор на jавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Тој доаѓа на оваа позиција како кадар на коалицијата „Вреди“, поточно од движењето БЕСА.

​Информацијата ја потврди самиот Сефери преку објава на социјалните мрежи, нагласувајќи дека оваа позиција, за него, претставува „голема доверба и сериозна обврска“. Во своето прво обраќање, тој најави дека ќе работи во интерес на јавното добро.

– Оваа функција претставува голема доверба и сериозна обврска да работам посветено, транспарентно и професионално, во служба на граѓаните и на јавниот интерес – истакна Сефери.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ