петок, септември 18, 2026
Дома СКОПСКА Мртви стаорци кај Буњаковец, граѓаните алармираат за наезда на глодари/ФОТО

Мртви стаорци кај Буњаковец, граѓаните алармираат за наезда на глодари/ФОТО

1
Фото: Фејсбук „Во одбрана на Буњаковец“

Граѓани алармираат за појава на стаорци во близина на паркингот меѓу ТЦ „Буњаковец“ и основното училиште „Ј.Х. Песталоци“.

На Фејсбук страницата „Во одбрана на Буњаковец“ утрово беа објавени фотографии од мртви стаорци, а според реакциите на граѓаните, во овој дел од населбата биле забележани и живи глодари.

Фотографиите, според објавата, се направени вчера, 17 септември 2026 година.

Граѓаните апелираат до надлежните служби да извршат увид на терен и да преземат соодветни мерки за справување со проблемот.

ИЗДВОЕНИ