Рускиот претседател Владимир Путин е во тридневна посета на Казахстан, за време на која се сретна со претседателот на земјата, Касим Жомарт Токаев. Официјална церемонија на добредојде за Путин и руската делегација се одржа во Палатата на независноста во Астана, објавува „Казинформ“.
Путин пристигна во среда во државна посета на Астана на покана на претседателот Касим-Жомарт Токаев, а се очекува за време на средбата двајцата лидери да разговараат за состојбата и перспективите за зајакнување на сеопфатното стратешко партнерство и сојузничките односи меѓу Казахстан и Русија.
Давјцата претседатели денеска во Астана потпишаа договор за изградба на првата нуклеарна централа во најголемата централноазиска држава.
Исто така потпишан е и договор за обезбедување руски извозен кредит за финансирање на изградбата на централата.
„Договорот за изградба на нуклеарната централа Балхаш, потпишан денеска, има големо значење“, истакна Токаев и му се заблагодари на Путин за поддршката во реализацијата на големиот проект.
Агенцијата за нуклеарна енергија на Казахстан соопшти дека Русија ќе финансира околу 85 проценти од вкупната цена на проектот, што изнесува 15 милијарди долари.
Казахстан е најголем производител на ураниум во светот и планирано е да до 2035 година да има нуклеарен капацитет од 2,4 гигавати.











