lегендарниот шпански кошаркар, Пау Гасол, смета дека Виктор Вембањама мора физички да зајакне доколку сака целосно да го искористи својот огромен потенцијал.
Гасол верува дека најголемо влијание Вембањама може да има во рекетот, иако веќе поседува одличен шут од далечина.
- Тој е решителен кога е близу до обрачот, и во нападот и во одбраната. Со својот распон на рацете, може да им ја расипе работата на противниците и да доминира – вели Гасол.
Според него, физичката подготовка ќе биде клучна за младата ѕвезда на Сан Антонио спарс.
- Колку и да може да шутира однадвор, тој е навистина решителен во рекетот. Треба физички да се подготви за да го издржи тој притисок и да има поголема издржливост – објасни Шпанецот.
Гасол потоа се присети на својот трансфер во Лос Анџелес лејкерс во 2008 година и на соработката со Коби Брајант.











