сабота, јуни 20, 2026
Дома СВЕТ Момче се удави во Венеција откако паднал во канал, двајца спасени

Момче се удави во Венеција откако паднал во канал, двајца спасени

78

Дваесетгодишно момче се удави откако падна во канал во областа Сан Поло во Венеција, додека двајца негови врсници беа спасени, соопштија локалните власти.

Инцидентот се случил околу 5:30 часот утрово, кога група од тројца млади мажи завршиле во водата, објави Анса. Според извештаите, двајца членови на групата биле извлечени со чамец, додека третиот не успеал да исплива и исчезнал под водата.

Пожарникарите започнале потрага, но околу 7:15 часот наутро, телото на младичот маж било пронајдено и извлечено.

Карабињерите и службите за итна медицинска помош биле на местото на настанот, а околностите на несреќата сè уште се истражуваат.

ИЗДВОЕНИ