четврток, ноември 5, 2026
Дома СВЕТ Меланија Трамп ги зближи Москва и Киев: Руси и Украинци на иста...

Меланија Трамп ги зближи Москва и Киев: Руси и Украинци на иста маса во Белата куќа, „хуманоста пред војната“

0
EPA/SHAWN THEW

Првата дама на Соединетите Држави, Меланија Трамп, денеска во Белата куќа се сретна со претставници од Русија и Украина во врска со шестдневно примирје во украинскиот град Олешки, кој е под руска контрола – примирје за чие постигнување таа помогна.

Средбата се одржа во момент кога американските претставници ги засилуваат напорите за постигнување договор за ставање крај на конфликтот меѓу Русија и Украина, кој започна на почетокот на 2022 година со руската инвазија, пренесува Ројтерс.

„Ја избравме хуманоста пред војната“, изјави Меланија Трамп.

Таа додаде дека храброста покажана во Олешки треба да се искористи за наоѓање заеднички јазик, втемелен на споделена грижа за страдањето на невините луѓе.

Кирил Дмитриев, специјален пратеник на рускиот претседател Владимир Путин, присуствуваше на настанот и се сретна со американски претставници, според два извори запознаени со неговите планови.

На средбата присуствуваа и украинскиот пратеник Давид Арахамија, како и омбудсманот за човекови права, Дмитро Лубинец. На социјалните мрежи, Меланија Трамп истакна дека хуманитарен конвој овозможил безбедна евакуација на повеќе од 750 луѓе.

Оваа посета претставува прв директен контакт меѓу руски и американски претставници од вторникот, кога демократите – на американските избори на средината на мандатот – ја презедоа контролата врз двата дома на Конгресот, Сенатот и Претставничкиот дом. Овој развој на настаните претставува политички удар за претседателот Доналд Трамп, наведува агенцијата. Се очекува демократското мнозинство во Конгресот, кое ќе ја преземе должноста во јануари, да побара зголемување на помошта за Украина и да преиспита одредени одлуки донесени од републиканската администрација – вклучително и договорот за дизел со Русија, како и ублажувањето на одредени санкции против Москва.

Во последните недели, Трамп ги засили критиките кон украинскиот претседател Володимир Зеленски.

ИЗДВОЕНИ