Модриќ се степал со тимскиот колега

1863
epa10342010 Luka Modric of Croatia in action against Timothy Castagne of Belgium (R) during the FIFA World Cup 2022 group F soccer match between Croatia and Belgium at Ahmad bin Ali Stadium in Doha, Qatar, 01 December 2022. EPA-EFE/Abir Sultan

Реал (M) по втор пат во период од неколку месеци беше поразен во финале од Барселона, а на самиот крај од натпреварот во Купот на Шпанија беше виден вистински мал скандал.

Кога Антонио Рудигер сфати дека „кралевите“ ќе загубат, почна да дивее на клупата и фрлаше разни предмети на теренот и кон судијата Рикардо де Бургос Бенгоетксеа.

„Дон Балон“ објави малку неверојатна приказна за судир меѓу Модриќ и Рудигер во соблекувалната, а искусните играчи наводно морале да ги разделат соиграчите.

„По натпреварот, двајцата играчи се судрија во соблекувалната, што резултираше со тепачка која мораа да ја прекинат другите играчи и членовите на стручниот штаб на Карло Анчелоти, кои беа во неверување.

Хрватот го критикуваше Рудигер за неговото однесување и му рече дека е скандалозно што направил такво нешто, а го оцрни и грбот на Реал (М) кој не загуби само поради судијата.

Иако Рудигер на почетокот беше бесен и го критикуваше Модриќ за неколку работи, на крајот се вразуми и им се извини на сите соиграчи и на стручниот штаб на клубот.

Германецот се извини на социјалните мрежи за своите постапки особено оние насочени кон судијата кој беше главна цел на играчот“, пренесува „Дон Балон“.

Модриќ е познат како многу мирен фудбалер и ретко е темпераментен, а малку неверојатно звучи што влегол во конфликт со некој од соиграчите.

Реал (М) отсекогаш имал добро уредена хиерархија, а секој конфликт меѓу играчите е реткост, па затоа веста објавена од „Дон Балон“ дефинитивно е огромно изненадување.

Инаку, германскиот дефанзивец се соочува со суспензија од 4 до 12 натпревари, па оваа сезона е многу веројатно завршена за него.

ИЗДВОЕНИ