недела, ноември 29, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Компаниите во Германија ја губат довербата во владината реформска агенда

Компаниите во Германија ја губат довербата во владината реформска агенда

0

Довербата на германските компании во реформската агенда на владата на канцеларот Фридрих Мерц е во опаѓање. Дури 90 отсто од нив сметаат дека Владата премногу бавно ги спроведува најавените економски мерки, покажува истражувањето на Институтот „Ифо“.

Според анкетата, спроведена по нарачка на Фондацијата за семејни бизниси, три четвртини од компаниите не очекуваат значителен напредок во намалувањето на бирократијата до крајот на мандатот на Владата.

Иако позитивно ја оценуваат одлуката за намалување на даноците на електричната енергија, компаниите се генерално разочарани од досегашната работа на Владата.

Рајнер Кирхдорфер од Фондацијата за семејни бизниси предупреди дека Владата презема премалку мерки за да го запре слабеењето на германската економија. Дополнителна загриженост предизвикуваат најавите на компаниите за намалување на инвестициите во земјата.

На почетокот од јули, владејачката коалиција најави пакет мерки за поттикнување на економскиот раст и на вработувањето, вклучително и реформи на пазарот на трудот, социјалните системи и намалување на бирократијата. Сепак, спроведувањето на клучните мерки и натаму доцни.

ИЗДВОЕНИ