петок, август 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА МНР објави броеви за итна помош за Македонците во Грција кои се...

МНР објави броеви за итна помош за Македонците во Грција кои се во опасност од пожарите

7

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до нашите државјани кои се наоѓаат во подрачја зафатени со пожари во Грција и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [email protected], како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Северна Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001.

Воедно, ги потсетуваме македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти, информира МНРиНТ, кое, како што наведува во соопштението, со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции.

ИЗДВОЕНИ