четврток, февруари 19, 2026
Дома СВЕТ Младите жени во Данска ќе служат воен рок од следната година

Младите жени во Данска ќе служат воен рок од следната година

93

Во повеќето земји во светот воениот рок за жени сѐ уште е доброволно, но се зголемува и бројот на земји во кои има воен рок за жени, пишува Дојче веле (DW) и додава дека последен случај на воведување воен рок за жени е Данска.

Парламентот на таа земја неодамна одлучи од 1 јули сите жени кои наполниле 18 години да добиваат известување за воена обврска, а од почетокот на следната година да започне и регрутирање.

Според информациите од данските вооружени сили, жените веќе сочинуваат четвртина од регрутите кои волонтираат во армијата – во таа земја воената обврска трае од четири до 12 месеци, во зависност од тоа што регрутите избрале за време на тримесечната основна обука.

ИЗДВОЕНИ