четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Митева: Трагедијата во Кочани беше тешка лекција за сите, аларм кој ја...

Митева: Трагедијата во Кочани беше тешка лекција за сите, аларм кој ја разбуди државата

54

Трагедијата во Кочани претставува силен аларм за државата и показател дека институционалниот систем подолго време функционирал во состојба на застој, оцени портпаролката на Владата, Марија Митева.

Таа истакна дека настанот бил тешка лекција за сите, но и можност да се согледаат слабостите во системот, со цел да се спречат слични трагедии во иднина. Според неа, клучно е институциите да функционираат стабилно и континуирано, без оглед на политичките промени.

По трагедијата, како што посочи Митева, биле засилени инспекциските контроли и направена детална анализа на пропустите. Во текот на 2025 година биле спроведени околу 4.000 надзори, издадени над 1.700 прекршочни налози и донесени 162 мерки за привремена забрана за работа.

Дополнително, била воспоставена и меѓуресорска координација меѓу институциите, со цел појасно дефинирање на надлежностите и поефикасно функционирање на системот.

Митева нагласи дека реформите не се само реакција на трагедијата, туку дел од поширок процес за создавање функционален и отпорен институционален систем.

ИЗДВОЕНИ