четврток, јули 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Министерство за правда: Постапката за екстрадиција на Груевски продолжува независно од неговиот...

Министерство за правда: Постапката за екстрадиција на Груевски продолжува независно од неговиот статус во Унгарија

55
EPA/GEORGI LICOVSKI

Министерството за правда внимателно ги следи информациите објавени во јавноста во врска со наводите дека Никола Груевски стекнал унгарско државјанство.

Независно од сите шпекулации и неофицијални информации за евентуалниот статус што го има во Унгарија, Никола Груевски останува државјанин на Република Северна Македонија и е лице кое е предмет на правосилни судски одлуки и активни постапки – се вели во соопштението од Министерството за правда.

Министерството за правда нагласува дека постапката за негова екстрадиција продолжува согласно домашното законодавство, билатералните договори и меѓународните конвенции. Во рамки на своите надлежности, Министерството и понатаму ќе ги презема сите неопходни правни и дипломатски чекори во комуникација со надлежните органи на Унгарија.

„Груевски станал унгарски државјанин во 2022. врз основа на унгарски државен интерес: Само со доказ за корупција или измама може да му се одземе државјанството, oбјави истражувачки портал

ИЗДВОЕНИ