Министерот за правда Игор Филков им го честита 3 Мај-Светскиот ден на слободата на медиумите!

37

Слободата на медиумите е основа на секое демократско општество. Без неа – нема вистина, нема правда, нема одговорност.

Денес, на Светскиот ден на слободата на медиумите, ја потврдувам мојата цврста заложба: – Да ги штитиме новинарите. – Да обезбедиме безбедна средина за независно известување. – Да не дозволиме притисоци врз медиумите.

Министерството за правда останува посветено на создавање услови за слободно, професионално и одговорно новинарство. Преку законските измени за граѓанска одговорност за навреда и клевета, гарантираме поголема правна заштита и простор за слободно изразување – без страв и притисоци.

Кога медиумите се слободни, граѓаните се информирани, а правдата е погласна. Овој ден нека биде потсетник за заедничката одговорност што ја имаме во заштита на медиумските слободи.

Честит 3 Мај-Светскиот ден на слободата на медиумите!

ИЗДВОЕНИ