петок, јануари 16, 2026
Дома СВЕТ Милиони жители во Иран затворени во домовите поради песочна бура

Милиони жители во Иран затворени во домовите поради песочна бура

58

Густ облак од прашина што денес го покри поголемиот дел од западен Иран ги принуди властите да наредат затворање на локалните училишта и да апелираат до околу 13 милиони жители да останат дома.

Провинциите Лорестан, Илам, Керманшах, Курдистан (на запад), Занџан (северозапад), Бушер (југ) и Хузестан (југозапад) се погодени од овие мерки, објави иранската државна телевизија.

На населението му се препорачува да не излегува надвор и да носи маска за сите неопходни патувања, додаде телевизијата, нагласувајќи дека локалната видливост не надминува еден километар, пренесува Бета.

Метеоролошката служба ги припиша временските услови на „движење на голема маса прашина од Ирак кон западен Иран“.

Овој феномен, кој е сè почест во Иран, се влошува поради сушата.

ИЗДВОЕНИ