четврток, јуни 4, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Мицкоски: За две години создадовме повеќе отколку СДСМ и ДУИ за шест

Мицкоски: За две години создадовме повеќе отколку СДСМ и ДУИ за шест

24

Премиерот Христијан Мицкоски на собраниската седница за пратенички прашања изјави дека во јуни нема да има ново задолжување, отфрлајќи ги тврдењата на опозицијата.

Повикајќи се на податоци од ММФ, Мицкоски направи споредба меѓу економските показатели на актуелната влада и претходната влада на СДСМ и ДУИ. Според него, во периодот од 2018 до крајот на 2023 година јавниот долг се зголемил од 4,7 на 8,4 милијарди евра, што значи нето задолжување од 3,69 милијарди евра.

За актуелната влада, тој рече дека од почетокот на 2025 до крајот на 2026 година задолжувањето ќе изнесува околу 1,38 милијарди евра.

Мицкоски потенцираше дека клучен показател е растот на номиналниот БДП и додадената вредност во економијата. Според неговите тврдења, претходната власт за шест години создала додадена вредност од 4,52 милијарди, додека актуелната влада за две години ќе создаде 4,66 милијарди евра.

-Да поедноставам, за две години создадовме поголема додадена вредност отколку тие за шест години, а притоа долгот е речиси два и пол пати помал, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека овие бројки не се проценки на Владата, туку официјални параметри на ММФ.

ИЗДВОЕНИ