сабота, јуни 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Мицкоски од ИЈЗ: Од институција која тонеше во долгови, денес имаме институција...

Мицкоски од ИЈЗ: Од институција која тонеше во долгови, денес имаме институција која инвестира во опрема и инфраструктура

21
Фото:фб, Влада

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од каде упати честитки за менаџирањето со оваа установа, потенцирајќи дека таа конечно е стабилизирана и се грижи за здравјето на граѓаните за разлика од претходниот период.

Во својата изјава за медиумите, претседателот на Владата направи паралела со минатото, повикувајќи се на јавно објавените ревизорски извештаи кои покажаа сериозни финансиски и функционални аномалии во работењето на Институтот.

Мицкоски изрази благодарност до директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, до ресорниот министер, како и до раководството на Фондот за здравствено осигурување за континуираната меѓуинституционална поддршка во процесот на модернизација.

Посебен акцент премиерот стави на улогата на медицинскиот и техничкиот кадар во институцијата, нарекувајќи ги вработените вистински херои кои секојдневно работат за постигнување на подобри резултати.

„Добар ден и од мене би сакал да не се повртoрувам со тоа што досега беше кажано. Би сакал да честитам на тоа што е направено; од една институција која што тонеше во долгови денеска имаме инстиуција која што инвестира во опрема, во реновирање на инфраструктурата. Институција која што генерално се грижи за јавното здравје, за разлика од институција во минатото, а вие сте сведоци за оние ревозирски извештаи коишто се од минатото на која што служела за се, само за она за што требала да служи, а тоа е да се грижи за јавното здравје. Би сакал да се заблагодарам на директорката која што со своето залагање допринесува да секој ден имаме пријатни изненадувања од оваа институција, да се заблагодарам на министерот, на луѓето во министерството, на директорот на здравствениот фонд за поддршката за цело време што ја даваат во оваа институција и се разбира најголема благодарност до вработените во Институтот за јавно здравје, до сите оние кои што се борат, се трудат, работат тука секојдневно за да постигнат резултат повеќе. Тие се оние херои коишто треба да им одадеме една велика благодарност. Така што јас би сакал што почесто да се гледаме на вакви поводи каде што ќе можеме да ги поправаме грешките кои што се потсетник на едни минати времиња кои што никој не сака да ни се повторат.“

ИЗДВОЕНИ