Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан преку социјалните мрежи реагираше на веста дека неговиот помлад брат, Арон Орбан, наводно бил приведен за време на операција насочена против трговија со луѓе.
Според Виктор Орбан, оваа акција е тактика за одвлекување на вниманието; тој е вистинската цел, додека неговиот помлад брат е само средство, пренесува унгарскиот портал „Индекс“.
„Денес, владата треба да даде одговори за ’агентотскиот скандал‘ пред Комисијата за национална безбедност. Оваа акција е обид за одвлекување на вниманието. Во Унгарија не постои одговорност – постои само одмазда. Секогаш кога нешто ќе стане непријатно за владата, интервенира АВХ (Државната безбедносна служба). Целта на оваа валкана игра е да се елиминира политички противник и да се воспостави еднопартиски систем. Јас сум целта; мојот брат е само средство“, напиша Виктор Орбан на својот профил на социјалните мрежи.












