понеделник, ноември 9, 2026
Дома БАЛКАН Драма кај Подгорица: Две деца и возрасно лице завеани во снег на...

Драма кај Подгорица: Две деца и возрасно лице завеани во снег на Комови

7

Драматична ситуација се одвиваше на планината Комови, во близина на Подгорица, откако едно возрасно лице и две малолетни лица останаа заглавени во снежни наноси.

На терен веднаш беа испратени екипи од Службата за заштита и спасување на Главниот град.

„Беа ангажирани еден командир, еден раководител и четворица пожарникари-спасувачи, а операцијата траеше околу шест часа во исклучително тешки временски услови. По долга борба и исклучително напорна акција за спасување, децата и возрасното лице беа успешно извлечени од снежните наноси и пренесени на безбедно“, потврдија за RINA од Службата за заштита и спасување на Подгорица.

Надлежните апелираат до сите граѓани да ги следат временските услови и официјалните соопштенија од надлежните служби пред да се обидат да поминат низ тешки планински превои.

ИЗДВОЕНИ