четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Мерц го одби повикот на Трамп за учество во американско-израелската војна против...

Мерц го одби повикот на Трамп за учество во американско-израелската војна против Иран: „Оваа војна не е прашање на НАТО!“

310
Фото: EPA/CLEMENS BILAN

Мерц одговара на повикот на Трамп
Канцеларот нагласува дека нападот нема мандат од ОН, ЕУ или НАТО и дека Германија не била консултирана за интервенција

Сојузна Република Германија нема да учествува во американско-израелска војна против Иран, изјави денес германскиот канцелар Фридрих Мерц, нагласувајќи дека таквата акција нема мандат од ОН или ЕУ, пренесува „Танјуг“.

„Ние немаме мандат од ОН, ЕУ или НАТО што го бара Основниот закон (уставот). Затоа, од самиот почеток беше јасно дека оваа војна не е прашање за НАТО“, рече Мерц на прес-конференција во Берлин.

Германскиот канцелар, исто така, рече дека САД и Израел не се консултирале со Германија за започнување на нападот. „Кога станува збор за Иран, никогаш немало заедничка одлука дали воопшто да се интервенира.

Затоа, прашањето за евентуално воено учество на Германија дури и не се поставува“, нагласи Мерц, објави „Ројтерс“.

ИЗДВОЕНИ