вторник, јуни 23, 2026
Дома СВЕТ Меланија го опиша Трамп со еден збор, публиката прсна во смеа/ВИДЕО

Меланија го опиша Трамп со еден збор, публиката прсна во смеа/ВИДЕО

596
Фото: X

Меланија Трамп, иако не е позната по својот комичен талент, успеа да ја насмее публиката оваа недела на настан во Белата куќа во чест на мајките на американските војници.

Но, таа не ги насмеа со шега, туку со еден збор што го употреби за да го опише својот сопруг, претседателот Доналд Трамп.

Зборувајќи за него, Меланија рече дека повеќето луѓе го гледаат како „силен врховен командант“.

Потоа додаде дека неговата „емпатија оди подалеку од таа улога“ и го прави „грижлив лидер кој не заборава дека секој американски војник е нечие дете“.

Токму зборот „емпатија“ ја натера публиката да прсне во смеа.

Видеото кое брзо стана вирално го покажува Трамп како ја игнорира реакцијата на публиката, додека дури и Меланија едвај успева да го задржи смеењето.

Емпатијата не е особина што често јавно се поврзува со Доналд Трамп, па затоа реакцијата на публиката не беше изненадување за многумина.

ИЗДВОЕНИ