Од втори до седми јули, на повеќе локации на територијата на Општина Гази Баба ќе се одржи 16. меѓународен фолклорен фестивал „Гази Баба“, во рамките на кој ќе продефилираат културно-уметнички друштва од Македонија, Романија, Австрија и од Русија.
Нивните настапи на трети јули, со почеток во 20:30 часот, ќе може да се проследат на плоштадот „Филип 2“ во Автокоманда, на 4 јули, исто така со почеток во 20:30 часот, во Домот на културата „11 Октомври“ во населбата „Ченто“ и на 6 јули во паркот кај киното „Маџари“.












