понеделник, јуни 8, 2026
Дома МАГАЗИН Мечка забележана во станбена област во близина на парк го вклучи алармот:...

Мечка забележана во станбена област во близина на парк го вклучи алармот: Јапонски град затвори речиси 100 училишта 

0

Јапонскиот град Утсуномија ги суспендира работите во сите 94 основни и средни училишта под негова јуриздикција откако мечка е забележана на улиците, соопштија општинските власти.

Градот со половина милион жители, околу 100 километри северно од Токио, соопшти дека мечката првпат е видена во станбена област во близина на парк во саботата навечер.

Сè уште е на слобода откако е забележана рано утрово, на околу 500 метри од средно училиште.

Нападите од мечки, вклучително и оние во урбаните средини, се зголемуваат во Јапонија, што ја поттикна владата да формира работна група за намалување на бројот на жртви.

Минатата недела, напад од мечка во Фукушима повреди најмалку четири лица. Снимките од безбедносните камери од челичарница во градот покажаа црна мечка како брка работник покрај влезот на фабриката и го фрла на земја.

Азиските црни мечки се наведени како ранлив вид во светот, но се проценува дека нивниот број во Јапонија се зголемил трипати од 2012 година, потпомогнат од намалувањето на ловот.

Експертите велат дека климатските промени ги намалиле природните залихи на храна на мечките, како што се желади и букови ореви, додека руралната депопулација и ширењето на напуштеното обработливо земјиште ги охрабриле да бараат храна во близина на човечките населби, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ