сабота, септември 26, 2026
Дома СПОРТ Мбапе се појави пред камерата и откри што мисли за Јамал

Мбапе се појави пред камерата и откри што мисли за Јамал

0
epa11870070 FC Barcelona's Lamine Yamal celebrates the opening goal during the LaLiga soccer match between FC Barcelona and Alaves at the Olympic Stadium in Montjuic, Barcelona, 02 February 2025. EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Како што се доближува стартот на свечената серемонија на која ќе биде доделена „Златаната топка“ на Франс фудбал за сезоната 2025/2026, така дополнително се разгорува дискусијата за тоа кој треба да ја добие најважната индивидуална награда во фудбалскиот свет.

Многумина веруваат дека главни фаворити се Килијан Мбапе и Ламин Јамал, а во игра е и бомбардерот на германскиот гигант Баерн (М), Хари Кејн.

Во последното интервју кое го даде за шпанскиот весник „АС“, Мбапе зборуваше за многу работи, а Јамал беше едно од прашањата. Французинот ја воодушеви јавноста бидејќи не штедеше пофални зборови за ѕвездата на Барселона.

„Ламин Јамал е многу талентиран фудбалер и имам чувство дека ќе има навистина одлична кариера“, рече Мбапе во интервју за АС Мадрид и додаде.

„Му посакувам нему и на неговото семејство, но и на сите оние што ги сака, се најдобро“.

Јамал влезе во новата сезона на одличен начин, бидејќи постигна девет гола и додаде четири асистенции на последните седум натпревари.

Мбапе е исто така одличен, исто така постигна осум гола во своите седум настапи во сите натпреварувања, но во споредба со Јамал, тој има две асистенции помалку.

ИЗДВОЕНИ