четврток, јули 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Маж истурил хемиско средство во лицето и очите на својата партнерка во...

Маж истурил хемиско средство во лицето и очите на својата партнерка во Скопје

125

Во СВР Скопје вчера, 37-годишна жена пријавила дека била нападната од својот вонбрачен партнер А.Н.

Според пријавата, инцидентот се случил во близина на нејзиното работно место, додека се наоѓала во возило со партнерот, кој ѝ истурил хемиско средство во пределот на лицето и очите.

На жената ѝ била укажана лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што биле констатирани повредите и ѝ бил обезбеден соодветен третман.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ