вторник, јули 28, 2026
Дома СВЕТ Масовен напад врз Москва: Стотици дронови го бомбардираа рускиот главен град/ВИДЕО

Масовен напад врз Москва: Стотици дронови го бомбардираа рускиот главен град/ВИДЕО

38

Москва беше цел на еден од најголемите украински напади со дронови од почетокот на војната преку ноќ, а руските власти тврдат дека повеќето од авионите биле пресретнати пред да стигнат до градот. Градоначалникот на Москва во вторник објави дека рускиот главен град бил цел на повеќе од 390 украински дронови, а регионалниот гувернер рече дека во нападите биле оштетени и станбени згради.

„Повеќе од 390 дронови се упатија кон Московскиот регион“, но „повеќето беа неутрализирани долго пред да стигнат до градот“, напиша Сергеј Собјанин во апликацијата Телеграм, прецизирајќи дека „81 непријателски дрон беа уништени на приодите кон Москва“.

Гувернерот на Московскиот регион Андреј Воробјов напиша на истата апликација за штетата на станбена зграда и неколку куќи, наведувајќи дека засега нема информации за жртви.

Руското Министерство за одбрана, сепак, објави дека 356 украински беспилотни летала биле неутрализирани во околу петнаесет региони, вклучувајќи ја и Москва, во период од тринаесет часа, од понеделник вечер до вторник наутро.

Разликата во наведениот број беспилотни летала не е објаснета, пишува Франс Прес.

Украинските медиуми, повикувајќи се на воени блогери, пишуваат дека нападите наводно ја погодиле челичарницата „Хидросталконструкција“ во Чехов во Московскиот регион.

„Киев Индепендент“ пишува дека бил погоден и магацин во Коледино, град на 20 километри јужно од Москва, и дека порано во текот на ноќта била погодена и трафостаница во Феодосија, мал град во окупираниот Крим.

ИЗДВОЕНИ